Наставен

кадар

Марија Крстевска

Марија Крстевска е балерина, солистка во Национална опера и балет (НОБ).

Балетското образование го завршила во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, а своето високо образование го продолжила на Факултетот за музичка уметност – балетска педагогија, каде што дипломирала како балетски педагог.

Во 2023 таа отвара свое балетско студио — „Арабеск” остварувајќи ја својата долгогодишна желба да создаде простор каде што љубовта кон уметноста, убавината и креативноста се спојуваат.
Со голема посветеност и страст, го претвори својот сон во реалност.

Христина Димоска

Завршено средно образование во ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј", насока класичен балет, во класата на професорката Слаѓана Спасеновска.

Своето повисоко образование го продолжува на „Факултетот за музичка уметност”, на насоката Балетска педагогија.

Има учествувано на многубројни натпревари, и претстави. Искрената љубов кон балетот и работа со деца ја доведува до тоа да работи со малите балерини во Балетското студио Арабеск.

Викторија Блажовска

Завршено средно образование во ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј", насока класичен балет, во класата на професорката Дафина Данилоска- Кочевска.

Своето повисоко образование го продолжува на универзитетот „Гоце Делчев", на насоката Балетска педагогија.

Има учествувано на многубројни натпревари, и претстави во но и надвор од државата. Нејзината упорност и љубов кон балетот ја довеле до моментот каде што е сега.