Нашата приказна
Студио Арабеск е основано во септември 2023 (Студио Центар) и октомври 2024 (студио Аеродром) од две балерини – Марија Крстевска и Стефанија Гаштарска.
Наша желба е да создадеме простор каде што секое дете ќе може да ја открие убавината на балетот, да расте здраво и самоуверено, и да ја почувствува магијата на сцената.
Марија Крстевска
Марија е призната балерина и солистка во Македонската опера и балет. Со долгогодишно сценско и педагошко искуство, таа ги инспирира младите генерации да го сакаат и разбираат балетот. Дипломиран балетски педагог.
Во Арабеск ја вградува својата љубов, дисциплина и знаење – за секое дете да добие цврста основа и правилна насока.
Стефанија Гаштарска
Стефанија е првата македонска балерина која успева да се пробие, да учи и да игра главни улоги во колевката на балетот- Русија. Балетот го започнува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, продолжува во Русија – во Перм, а подоцна и на Академијата на Бољшој во Москва.
Денес е препознаена како една од најталентираните млади уметници во светот. Нејзината посветеност, истрајност и љубов кон уметноста се вградуваат во духот на Арабеск.
За кого?
За деца од предучилишна возраст па сè до тинејџери, без разлика дали прават први чекори во балетот или веќе имаат искуство. Ги охрабруваме сите деца што сакаат движење, музика и уметност да ја откријат магијата на балетот во безбедна, поддржувачка и инспиративна средина.
Концерти
Во студиото организираме два годишни концерти – новогодишен и пролетен – на кои настапуваат деца од сите возрасти. Сценските изведби се подготвени од нашите професионални педагози и вклучуваат костими, сценска шминка и светло, со што се создава вистинско балетско доживување.
Нашата мисија
Во Арабеск веруваме дека балетот е повеќе од танц. Тој е воспитувач, учител и патоказ за личен развој.
Нашата мисија е:
- Да им помогнеме на децата да развијат сила, грациозност и правилно држење
- Да ги научиме на дисциплина, истрајност и самодоверба
- Да создадеме средина каде што учењето е радост, а секој успех е победа
- Да ги мотивираме и инспирираме младите балерини
- Да ги научиме на здрава храна, здрав сон, убаво однесување и почит
Зошто Арабеск?
- Затоа што сме балерини кои го искрено го сакаат балетот со сето срце.
- Затоа што во нашето студио секогаш владее позитивна, пријатна и работна атмосфера.
- Затоа што секое дете заслужува индивидуален пристап и поддршка.
- Затоа што сакаме да создаваме идни генерации кои ќе го почитуваат балетот и општо уметноста!
Арабеск е местото каде што секое дете учи да сонува, да расте и да блесне.